ЗАБРАНЕТИ ПРОТЕСТИ ВО АТИНА ЗА ВРЕМЕ НА ПОСЕТАТА НА ОБАМА

a:1:{s:9:"td_source";s:18:"Атина,(АП)

    ЗАБРАНЕТИ ПРОТЕСТИ ВО АТИНА ЗА ВРЕМЕ НА ПОСЕТАТА НА ОБАМА

    Грчките власти подготвуваат драконски мерки на безбедност во пресрет на дводневната посета на претседателот на САД Барак Обама,  вклучувајќи  и ангажирање на илјадници полицајци,  затворање на патот и ограничувања на протести.

    Обама ќе пристигне во Атина во вторник, пред да замине за Берлин во среда, како дел од своето последно поголемо претседателско патување во странство.

    Денеска грчката полиција објави забрана на јавни собири во центарот на Атина и во јужното предградие, каде се наоѓа еден од најлуксузните хотели во градот, неколку часа пред пристигнувањето на Обама. Ќе бидат ангажирани најмалку 3.000 полицајци, додека главните улици и патишта во центарот на Атина ќе бидат затворени за возила, а повремено и за пешаци.

    Анархистички и левичарските групи планираат протести за време на посетата, додека вооружена анархистичка група повика на “напади и судири.”

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира