ЗАГИНАА 21 УЛТРАМАРАТОНЕЦ НА ТРКА ВО КИНА ПОРАДИ СТРАШНО НЕВРЕМЕ

    ЗАГИНАА 21 УЛТРАМАРАТОНЕЦ НА ТРКА ВО КИНА ПОРАДИ СТРАШНО НЕВРЕМЕТрката беше прекината откако исчезнаа 172 учесника и почна операција за нивно спасување. (Фото: АФП)

    Дваесет и еден ултрамаратонец загинаа поради невреме на ултрамаратонска трка во северозападна Кина. Учесниците на трката долга 100 километри ги погодија силен ветер и пороен дожд. Трката беше прекината откако исчезнаа 172 учесника и почна операција за нивно спасување.

    Според првичните наоди, повеќето од жртвите настраделе поради хипотермија. Официјалните власти соопштија дека 151 маратонец се на безбедно, но дека осуммина од нив се повредени.

    Трката почнала во 9 часот по локално време, и повеќето од нив носеле само маици и куси панталони.
    Маратонците изјавиле дека временската прогноза покажала оти се очекуваат ветер и дожд, но не толку екстремно како што се случило. По три часа од стартот, планинскиот дел од трката бил погоден од град и силен дожд, поради што паднале температурите. Видливоста била намалена и маратонците почнале да се губат.

    Во операцијата учествуваа над 1.200 спасувачи, кои ги бараа спортистите со термални дронови и радари.

    „Како организатори на трката, чувстуваме вина и каење. Изразуваме најискрено сочувство до семејствата на жрвите и на повредените“, изјави градоначалникот на Баијин.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира