ЗАГИНАА 22 ЦИВИЛИ ВО РУСКИ РАКЕТЕН НАПАД НА ЖЕЛЕЗНИЧКА СТАНИЦА ВО УКРАИНА НА ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА

    ЗАГИНАА 22 ЦИВИЛИ ВО РУСКИ РАКЕТЕН НАПАД НА ЖЕЛЕЗНИЧКА СТАНИЦА ВО УКРАИНА НА ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТАВо рускиот ракетен напад уништена е и куќа. (Фото: Ројтерс)

    Руските сили вчера извршија ракетен напад врз украинска железничка станица на Денот на независноста, при што загинаа 22 лица, рече претседателот Володимир Зеленски откако со денови предупредуваше дека Москва може да стори „нешто особено сурово“ оваа недела. Смртоносниот напад се случи во Чаплине, град со околу 3.500 жители во централниот регион Дипропетровск, кажа Зеленски пред Советот за безбедност на ОН преку видео. Кабинетот на претседателот соопшти и дека 11-годишно дете било убиено од ракетен истрел претходно во текот на денот во населбата, а имало вкупно два напада.

    „Чаплине е нашата болка денес“, рече Зеленски во своето ноќно видео обраќање до нацијата и во еден момент рече дека бројот на повредени е околу 50. Заменик-шефот на канцеларијата на Зеленскиј подоцна рече дека 22 лица биле ранети во нападот, кој погодил пет патнички вагони.

    Русија засега нема коментар, но досега негираше дека гаѓа цивилна инфраструктура.

    Украина се подготвуваше за особено тешки напади околу националниот празник кој го одбележува прогласувањето независност на Украина од Советскиот Сојуз во 1991 година. Вчера беше и шест месеци од почетокот на рускта инвазија. Неколку дена пред Денот на независноста, властите во Киев забранија големи собири во главниот град до денеска поради страв од ракетни напади.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира