ЗАХАРИЕВА ВО ИЗОЛАЦИЈА, НЕЈЗИНИОТ ЗАМЕНИК ПОЗИТИВЕН НА КОВИД-19

    ЗАХАРИЕВА ВО ИЗОЛАЦИЈА, НЕЈЗИНИОТ ЗАМЕНИК ПОЗИТИВЕН НА КОВИД-19Позитивниот Дојков ја придружуваше Захариева на средбата со македонската делегација во Берлин во понеделникот. - Димитров и Захариева во Скопје на 1 август 2019 (Фото: К. Попов)

    Бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева се самоизолираше откако нејзиниот заменик-министер Петко Дојков имаше позитивен тест на ковид-19, објави бугарската агенција БГНЕС.

    Захариева е во добра состојба и продолжува да ги извршува задолженијата, велат од нејзиниот кабинет. Резултатите од нејзиниот ПЦР-тест се очекуваат до крајот на денот.

    Дојков ја придружуваше Захариева на средбата со македонската делегација во Берлин во понеделникот. Македонската страна на преговорите под покровителство на Германија ја претставуваа вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира