ЗАКЕРБЕРГ НЕ ДАВА ОСТАВКА, СЛЕДНАТА НЕДЕЛА СВЕДОЧИ ПРЕД КОНГРЕСОТ

    ЗАКЕРБЕРГ НЕ ДАВА ОСТАВКА, СЛЕДНАТА НЕДЕЛА СВЕДОЧИ ПРЕД КОНГРЕСОТСмета дека нема подобра личност од него да го води Фејсбук. - Марк Закерберг (Фото: АП)

    И покрај големиот скандал со злоупотребата на личните податоци, што продолжува да ја тресе неговата компанија, Марк Закерберг изјави дека нема да поднесе оставка, инсистирајќи дека тој сѐ уште е најдобрата личност да го води Фејсбук.

    „Кога градите нешто големо како Фејсбук, кој е без преседан во светот, тогаш ќе направите и грешки. Најважно е луѓето да знаат дека ние учиме од нашите грешки“, кажа Закерберг на брифингот за медиуми.

    Запрашан дали во компанијата се расправало за неговата позиција, тој кратко одговори:

    „Не, колку што знам јас“.

    Фејсбук се најде во центарот на до тогаш невиден скандал, откако се откри дека компанијата „Кембриџ аналитика“ ги искористила личните податоци на повеќе од 50 милиони корисници на Фејсбук, за да влијае врз претседателските избори во САД во 2016 година. Закерберг призна дека направил голема грешка, што не ја сфатил доволно сериозно можноста дека трета страна може да ја злоупотреби неговата социјална мрежа.

    Следната недела, Закерберг ќе се соочи со уште посериозно испрашување, кога пред вклучени камери ќе сведочи пред Конгресот во Вашингтон. Неговото водство би можело дополнително да биде загрозено во наредните месеци, бидејќи Федералната комисија за трговија најави детаљна истрага за тоа како Фејсбук управувал со личните податоци.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира