ЗАПАДОТ УШТЕ МНОГУ ГОДИНИ ЌЕ МОРА ДА СЕ СООЧУВА СО ХРАБРА РУСИЈА, КАЖА ПУТИН ОТКАКО ОСВОИ 87% ГЛАСОВИ НА ИЗБОРИТЕ

    ЗАПАДОТ УШТЕ МНОГУ ГОДИНИ ЌЕ МОРА ДА СЕ СООЧУВА СО ХРАБРА РУСИЈА, КАЖА ПУТИН ОТКАКО ОСВОИ 87% ГЛАСОВИ НА ИЗБОРИТЕСо новиот шестгодишен мандат, Путин ќе го надмине Сталин како руски лидер со најдолг стаж во изминатите 200 години (Фото: АП)

    Владимир Путин ја оствари најубедливата изборна победа во постсоветската ера во Русија, со која ќе ја зацементира својата власт најмалку до 2030 година, а во својот победнички говор истакна дека со право му се спротивставил на западот и ја нападнал Украина. Путин, кој освоил 87,8% гласови на тридневните претседателски избори, изјави дека овој резултат ќе испрати јасна порака до западот дека неговите лидери ќе мора да се соочат со охрабрена Русија уште многу години.

    Со новиот шестгодишен мандат, 71-годишниот Путин ќе го надмине Јосиф Сталин како руски лидер со најдолг стаж во изминатите 200 години.

    САД, Германија и Велика Британија кажаа дека изборите не биле ни слободни, ни фер поради цензура и немање опозиција. На второто место заврши комунистичкиот кандидат Николај Харитонов со нешто помалку од 4% гласови.

    Во својот победнички говор, Путин кажа дека меѓу неговите приоритети ќе бидат разврската на „специјалната воена операција“ во Украина и зајакнувањето на војската.

    Имаме многу задачи пред нас. Но, кога сме консолидирани, никој не може да нѐ заплаши и потисне“, порача Путин.

    Запрашан од американските медиуми дали неговата победа може да се смета за демократска, Путин го нападна политичкиот и судскиот систем на САД.

    Целиот свет се смее на она што се случува во САД. Тоа е катастрофа, тоа не е демократија. Руската демократија е потранспарентна од повеќето на западот“.

    Не ја отфрли можноста за директен конфликт помеѓу Русија и НАТО, но додаде дека тоа би бил чекор кон целосна трета светска војна.

    Путин се осврна и на протестите што приврзаниците на покојниот Алексеј Навални ги организираа пред гласачките места, велејќи дека тие немале никакво влијание врз изборите.

    Иако неговата победа никогаш не била доведена во прашање, Путин сакаше да му покаже на светот дека ужива огромна поддршка во Русија. Излезноста била 74,22%, седум посто повеќе во однос на 2018,

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира