ЗБРКА НА ОСКАРИТЕ, „МЕСЕЧЕВА СВЕТЛИНА“ Е НАЈДОБАР ФИЛМ ОТКАКО ПО ГРЕШКА ЗА ПОБЕДНИК БЕШЕ НАЈАВЕН „ЛА ЛА ЛЕНД“

a:1:{s:9:"td_source";s:14:"САД,(АП)

    ЗБРКА НА ОСКАРИТЕ, „МЕСЕЧЕВА СВЕТЛИНА“ Е НАЈДОБАР ФИЛМ ОТКАКО ПО ГРЕШКА ЗА ПОБЕДНИК БЕШЕ НАЈАВЕН „ЛА ЛА ЛЕНД“

    Победник на Оскарите, од втор обид. „Месечева светлина“ на Бери Џенкинс, а не како што испадна, „Ла Ла ленд“, освои оскар за најдобар филм, во историската збрка и фијаско без преседан, при што едниот победник беше заменет со друг додека продуцентите на „Ла Ла ленд“ беа среде говори.

    Презентерите за најдобар филм Ворен Бити и Феј Данавеј зеле погрешен плик  кога излегле на сцената – оној со кој се прогласува за најдобра актерка Ема Стоун од „Ла Ла ленд“. Кога ја забележаа грешката, претставниците на надзорникот на гласачките ливичиња „Прајс Вотерхаус Куперс“ истрчаа на сцена и го прекинаа говорот на продуцентите.

    Бери Џенкинс (лево), сценарист и режисер на „Месечева светлина“ и Тарел Мекрејни по чија драма е базиран, освоија за најдобро адаптирано сценарио (Фото: АП)

    Бери Џенкинс (лево), сценарист и режисер на „Месечева светлина“ и Тарел Мекрејни по чија драма е базиран, освоија за најдобро адаптирано сценарио (Фото: АП)

    Но зад сцена, Стоун рече дека во тоа време таа го имала в рака нејзиниот плик. „Мислам дека се уште сите се збунети“, рече Стоун. Подоцна актерката, која изјави голема љубов за „Месечева светлина“, додаде „Дали е ова најлудиот момент на  Оскарите на сите времиња? Кул“.

    Сепак беше шок, со оглед дека „Ла Ла ленд“ имаше 14 номинации, и изедначен рекорд со „Титаник“ и „Се за Ив“. „Месечева светлина“, приказна за црно геј момче кое расте во сиромашно предградие на Мајами и се справува со својата сексуалност, на Бери Џенкинс е снимен за само 1,5 милиони долари е неверојатно мал победник на Оскарите. Заработил 22 милиони долари и е еден од победнците за најдобар филм со најмала заработка досега.

    „Ни во сон не мислев дека ова ќе биде вистина“ рече Џенкинс еднаш кога стигна на сцената.

    Водителот на Оскарите Џими и Кимел дојде да ја информира екипата на „Месечева светлина“ дека навистина победила, и им го покажа пликот како доказ. „Знаев дека ќе заебам“, рече Кимел кој првпат е водител. „Ветувам дека никогаш нема да се вратам“. Потоа, продуцентот Џордан Хорвиц ја предаде статуетката на продуцентите на „Месечева светлина“.

    До тој хаотичен момент, ТВ преносот одеше меѓу зајадливи фори за Доналд Трамп и страсни аргументи за инклузивност, а наградите си ги поделија „Ла Ла ленд“, „Месечева светлина“ и „Манчестер на море“.

    32-годишниот режисер на „Ла Ла ленд“ Дамиен Чазел стана најмладиот кој добил Оскар за најдобар режисер, а филмот освои и за најдобра актерка за Ема Стоун, и за камера, продукција, музика и песна.

    Бери Џенкинс, сценарист и режисер на „Месечева светлина“ и Тарел Мекрејни по чија драма е базиран, освоија за најдобро адаптирано сценарио. Кенет Лонерган освои за најдобро оригинално сценарио за „Манчестер на море“, а Кејси Афлек освои за најдобар актер во филмот.

    Марешала Али за „Месечева светлина“ и Вајола Дејвис за „Огради“ освоија Оскари на најдобра споредна улога.

    Иранскиот „Трговецот“ на Асгар Фархади освои Оскар за најдобар странски филм. Фархади, кој има освоено Оскар и за „Разделба“, рече дека нема да дојде на доделувањето поради забраната на Трамп за влез во земјата на државјани од 7 муслимански земји, меѓу кои и Иран. Анушех Ансари, ирански астронаут, прочита изјава од Фархади.

    „Жал ми е што не сум со вас вечерва. Моето остуство е од почит кон луѓето на мојата земја и на оние 6 други земји кон кои е изразено непочитување со нехуманиот закон кој забранува влез на имигранти во САД“, вели Фархади во изјавата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира