ЗЕЛЕНСКИ Е НАЈГОЛЕМИОТ ТРГОВЕЦ ВО ИСТОРИЈАТА И САКА ХАРИС ДА ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ ВО САД, КАЖА ТРАМП

    ЗЕЛЕНСКИ Е НАЈГОЛЕМИОТ ТРГОВЕЦ ВО ИСТОРИЈАТА И САКА ХАРИС ДА ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ ВО САД, КАЖА ТРАМПЗасега нема потврда дека Трамп ќе се сретне со Зеленски во САД деновиве (Фото: АП)

    Доналд Трамп изјави дека Володимир Зеленски сака Демократите да победат на претстојните претседателски избори во САД, на кои тој ќе се соочи со Камала Харис.

    Ова е спротивно од мислењето на некои негови соработници, кои сметаат дека Украина не би имала ништо против враќањето на Трамп во Белата куќа, зашто само тој би можел да го наговори Владимир Путин да ја заврши војната.

    „Мислам дека Зеленски е најголемиот трговец во историјата. Секој пат кога ќе дојде во нашата земја, си заминува со 60 милијарди долари. Тој силно посакува тие да победат на изборите, но јас ќе правам поинаку – јас ќе работам на мир“, кажа Трамп на митингот во Пенсилванија.

    Трамп досега нема откриено детали од својот мировен план, освен што кажа дека би им се јавил на Зеленски и Путин за да ги повика да работат на договор.

    Иако минатата недела кажа дека можеби ќе се сретне со Зеленски при неговата посета на САД, засега такво нешто не било договорено. Украинскиот лидер пристигна во САД за да го претстави својот план за победа пред Џо Бајден, но кажа дека би сакал да се сретне и со Трамп и Харис.

    Зеленски неодамна изјави дека не може да предвиди што би направил Трамп ако победи на изборите, но се надева дека Републиканците би продолжиле да ја поддржуваат Украина воено.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира