ЗЕЛЕНСКИ ГИ ПРЕДУПРЕДИ АВИОКОМПАНИИТЕ ДА НЕ ЛЕТААТ НАД РУСИЈА, НАЈАВИ ЗАСИЛУВАЊЕ НА НАПАДИТЕ СО ДРОНОВИ

    ЗЕЛЕНСКИ ГИ ПРЕДУПРЕДИ АВИОКОМПАНИИТЕ ДА НЕ ЛЕТААТ НАД РУСИЈА, НАЈАВИ ЗАСИЛУВАЊЕ НА НАПАДИТЕ СО ДРОНОВИЗеленски кажа дека војната што ја започна Русија го затвора нејзиното небо (Фото: ДПА)

    Володимир Зеленски им порача на авиокомпаниите дека рускиот воздушен простор ефикасно ќе се затвори бидејќи Украина ги засилува нападите со беспилотни летала.

    „Сакаме да ги предупредиме сите авиокомпании што го користат рускиот воздушен простор, сите осигурители, сите кои сè уште ги користат клучните руски аеродроми: руското небо станува целосно опасно“, кажа Зеленски.

    Повеќето западни комерцијални авиокомпании не летаат над Русија од почетокот на инвазијата на Украина, но превозниците од земји како Кина го прават тоа.

    Рускиот претседател Владимир Путин одговори дека коментарите на Зеленски претставуваат декларација за државен тероризам, додавајќи дека Русија ќе продолжи со своите засилени напади врз Украина.

    „Украина не ја загрозува цивилната авијација како таква, ниту еден цивилен авион. Едноставно, ќе има беспилотни летала на небото над Русија во размер што мора да се земе предвид. Војната што ја започна Русија го затвора нејзиното небо“, кажа Зеленски, упатувајќи предупредување до авиокомпаниите што продолжуваат да летаат до руските аеродроми, особено во големите градови како Санкт Петербург и Москва.

    Фирмата за советување за ризици во воздухопловството „Оспреј флајт солушнс“ ги предупреди своите клиенти дека иако поголемиот дел од украинските напади веројатно ќе се случат во радиус од 300 километри од границата, секојдневните напади подлабоко во Русија речиси сигурно ќе продолжат оваа година.

    Во изминатиот период, Украина ги зачести нападите врз рафинериите и складиштата на големите онлајн трговци во длабочината на Русија.

    Тие бараат од нас да ги продолжиме преговорите, но со терористи не се преговара. Русија напредува на бојното поле и не се сомневам дека непријателот ќе се распадне“, кажа Путин.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира