ЗЕЛЕНСКИ ЌЕ ПРЕТСЕДАВА СО САМИТ ВО ТИРАНА НА КОЈ ЌЕ БАРА ПОГОЛЕМА ПОДДРШКА ОД ЗЕМЈИТЕ ОД ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

    ЗЕЛЕНСКИ ЌЕ ПРЕТСЕДАВА СО САМИТ ВО ТИРАНА НА КОЈ ЌЕ БАРА ПОГОЛЕМА ПОДДРШКА ОД ЗЕМЈИТЕ ОД ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПАЗеленски доцна синоќа ненајавено пристигна во Тирана (Фото: Икс)

    Володимир Зеленски првпат е во посета на Балканот од почетокот на руската инвазија, при што ќе копретседава со самит со албанската влада, кој ќе има за цел да ги охрабри земјите од Југоисточна Европа да ја зголемат својата поддршка за Украина. Агендата на самитот не е позната, ниту е јасно што ќе се постигне со него. И Албанија, која е членка на НАТО, не даде детали.

    Зеленски доцна синиќа ненајавено пристигна во Тирана, на враќање од Саудиска Арабија, каде што разговараше за мировен план и за враќање на воените затвореници од Русија.

    На украинската војска ѝ е неопходна нова воена помош, што се одразува и на фронтот, па по нејзиното повлекување од Авдиивка, руските сили продолжија да напредуваат на овој дел од фронтот и зазедоа уште три околни села.

    Се очекува 13 држави од Југоиточна Европа да присуствуваат на самитот, од кои некои се соседи на Украина, како и функционери од Европската Унија. Македонија ќе ја претставува претседателот Стево Пендаровски, соопштија од неговиот кабинет. 

    Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, ја посети Албанија овој месец.

    Сепак, не сите држави од овој регион ѝ даваат целосна поддршка на Украина. Србија е единствената европска земја која одби да се приклучи на санкциите кон Русија и продолжува да потпишува договори за соработка со Москва.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира