Украинскиот претседател Володимир Зеленски нареди специјални операции против руската воена индустрија за време на состанокот со военото и политичкото раководство на земјата.
„Операциите се наменети против специфични компании што веќе ги идентификувавме. На сите присутни на состанокот им беа дадени јасни задачи. Очекувам тие да бидат целосно извршени“, рече Зеленски.
Украина во изминатиот период им нанесе тежок удар на руските нафтени компании и фабрики за оружје. За таа цел, Киев лансира беспилотни летала со долг дострел способни да продрат неколку илјади километри длабоко на руска територија, дури и до Сибир.
„Воената индустрија на Русија мора да биде значително ограничена. Москва и натаму добива поддршка и клучни компоненти за своите воени напори од странство. Можеме да видиме дека секоја руска ракета, секое беспилотно летало и друго оружје содржат критични компоненти од други земји, без кои таквите оружја едноставно не би можеле да постојат“, рече украинскиот претседател.



