ЗЕЛЕНСКИ ПОБАРА ЕКСПРЕСЕН ПРИЕМ НА УКРАИНА ВО НАТО ПО РУСКАТА АНЕКСИЈА

    ЗЕЛЕНСКИ ПОБАРА ЕКСПРЕСЕН ПРИЕМ НА УКРАИНА ВО НАТО ПО РУСКАТА АНЕКСИЈАПутин денеска потпиша документи за анексија на Луганск, Доњецк, Херсон и Запорожје (Фото: АП)

    Володимир Зеленски објави дека Украина поднела и формално барање за експресен прием во НАТО откако Владимир Путин прогласи нелегална анексија на четири украински региони.

    Ние веќе ја докажавме нашата компатибилност со стандардите на НАТО. Правиме решавачки чекор со потпишувањето на барањето за забрзан прием во НАТО“, кажа Зеленски.

    Пред Путин да ја прати руската војска во Украина, тој бараше законски обврзувачки гаранции дека таа никогаш нема да стане членка на НАТО, што западот го сфаќаше само изговор за инвазијата.

    На посебна церемонија во Кремљ, Путин денеска потпиша документи за анексија на Луганск, Доњецк, Херсон и Запорожје, кои сочинуваат 15% од територијата на Украина. Тој кажа дека анексијата е трајна и за неа нема да се преговара.

    Зеленски ја обвини Русија за дрско прекројување на историјата и границите, користејќи убиства, уцени и лаги.

    Ние сме подготвени за дијалог со Русија, но не со овој претседател“, кажа Зеленски.

    САД истовремено воведоа нови санкции за Русија, кои се однесуваат на „воено-индустрискиот комплекс кој стои зад војната, тројца лидери на руската финансиска инфраструктура и на 278 пратеници кои ја изгласаа анексијата“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира