ЗЕЛЕНСКИ ПОТПИША БАРАЊЕ ЗА ПРИЕМ НА УКРАИНА ВО ЕУ, ЗАКАЖАНА ВТОРА РУНДА МИРОВНИ РАЗГОВОРИ СО РУСИЈА

    ЗЕЛЕНСКИ ПОТПИША БАРАЊЕ ЗА ПРИЕМ НА УКРАИНА ВО ЕУ, ЗАКАЖАНА ВТОРА РУНДА МИРОВНИ РАЗГОВОРИ СО РУСИЈАУкраина побара од Брисел веднаш да ѝ одобри членство преку специјална процедура (Фото: Твитер)

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека потпишал и официјално барање за прием на Украина во Европската Унија. Тој побара од Брисел веднаш да ѝ одобри членство на Украина преку специјална процедура, додека земјата се брани од руската инвазија.

    Од Брисел велат дека барањето на Украина може да биде разгледано на неформален самит следниот месец.

    Зеленски побара експресен прием на Украина во редовите на ЕУ пред почетокот на првата рунда мировни разговори со Русија, што се одржа денеска на границата со Белорусија. Белоруската државна агенција „Бета“ цитираше украински претставник дека двете страни заминале во своите главни градови на натамошни консултации, пред одржувањето втора рунда преговори во следните денови.

    Украина побарала прекин на огнот и руско повлекување, додека Кремљ кажа дека нема јавно да ги изнесе своите позиции.

    Во мировните преговори е вклучен и рускиот олигарх и сопственик на Челзи, Роман Абрамович, и тоа на барање на украинската влада.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира