ЗЕЛЕНСКИ ВЕЛИ ДЕКА Е ОТВОРЕН ЗА ДИПЛОМАТСКО РЕШЕНИЕ НА ВОЈНАТА И ЗА РАСПОРЕДУВАЊЕ СТРАНСКИ ТРУПИ ВО УКРАИНА

    ЗЕЛЕНСКИ ВЕЛИ ДЕКА Е ОТВОРЕН ЗА ДИПЛОМАТСКО РЕШЕНИЕ НА ВОЈНАТА И ЗА РАСПОРЕДУВАЊЕ СТРАНСКИ ТРУПИ ВО УКРАИНАЗеленски смета дека Путин мора да се натера на мир (Фото: АП)

    Володимир Зеленски кажа дека прифаќа дипломатско решение на војната во Украина и предложи распоредување странски војници во земјата додека таа не влезе во НАТО. Ова е последниот сигнал од Киев дека е расположен за преговори додека се чека враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа.

    „Украина сака оваа војна да заврши повеќе од кој било. Без сомнение, дипломатско решение би спасило многу животи и ние го бараме“, кажа Зеленски.

    Тој додаде дека е отворен за можно распоредување западни трупи во Украина кои би ја гарантирале нејзината безбедност.

    „Тоа би бил чекор напред кон придружувањето на Украина во НАТО“, напиша Зеленски на Телеграм.

    Трамп, кој повторува дека брзо може да ја реши војната, викендов повика на моментални преговори и примирје, откако се сретна со Зеленски и Емануел Макрон во Париз.

    „Зеленски сака да има примирје, тој сака да се постигне мир. Не зборевме за детали. Силите на Путин бележат огромни загуби во Украина. Формулирам концепт како да се заврши оваа смешна војна“, рече Трамп.

    Зеленски откри дека со Трамп и Макрон збореле за замрзнување на линиите на фронтот, но исто така им рекол дека не верува дека Путин сака да ја заврши војната.

    „Путин мора да се натера на мир, а тоа може да се постигне само со силна Украина“, кажа Зеленски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира