ЗЕЛЕНСКИ ВЕЛИ ДЕКА ГО ДОВРШИЛ НЕГОВИОТ ПОБЕДНИЧКИ ПЛАН ШТО ТРЕБА ДА ДОНЕСЕ МИР ВО УКРАИНА

    ЗЕЛЕНСКИ ВЕЛИ ДЕКА ГО ДОВРШИЛ НЕГОВИОТ ПОБЕДНИЧКИ ПЛАН ШТО ТРЕБА ДА ДОНЕСЕ МИР ВО УКРАИНАЗеленски досега нема откриено многу детали од планот (Фото: Гети)

    Володимир Зеленски изјави дека по многу консултации го довршил неговиот „победнички план“, што треба да донесе мир во Украина и истовремено да ја остави силна и да ја спаси од сите замрзнати конфликти. Тој претходно најави дека планира да го претстави планот пред Џо Бајден, што би можело да се случи следната недела, кога ќе присуствува на седници на Генералното собрание и на Советот за безбедност на Обединетите нации.

    Зеленски досега нема откриено многу детали од планот, освен дека тој треба да создаде услови прифатливи за Украина, која веќе две и пол години е во војна со Русија.

    Можам да кажам дека нашиот победнички план е целосно подготвен. Дефинирани се сите точки, клучни области и неопходни додатоци на планот. Најважната работа е нашата одлучност да го спроведеме. Нема алтернатива за мирот, не прифаќаме замрзнување на војната или други манипулации кои само би ја одложиле руската агресија“, изјави Зеленски, додавајќи дека имал добар состанок со највисоките воени заповедници.

    Планот на Зеленски беше во фокусот на мировниот самит во Швајцарија во јуни, при што сите учесници ветиле дека ќе има уште еден самит оваа година. Русија не беше поканета на овој самит и го опиша како безначаен, но Украина и нејзините сојузници кажаа дека Москва би можела да биде поканета за вториот самит.

    Зеленски ги отфрли сите повици за преговори додека Русија окупира речиси 20% од територијата на Украина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира