ЗЕМЈИТЕ ДА ИЗБЕГНУВААТ ДА ЈА ДАВААТ ВАКЦИНАТА „АСТРАЗЕНЕКА“ НА ЛИЦА НАД 60 ГОДИНИ, ВЕЛИ ФУНКЦИОНЕР НА ЕВРОПСКАТА АГЕНЦИЈА ЗА ЛЕКОВИ

    ЗЕМЈИТЕ ДА ИЗБЕГНУВААТ ДА ЈА ДАВААТ ВАКЦИНАТА „АСТРАЗЕНЕКА“ НА ЛИЦА НАД 60 ГОДИНИ, ВЕЛИ ФУНКЦИОНЕР НА ЕВРОПСКАТА АГЕНЦИЈА ЗА ЛЕКОВИВо Македонија „АстраЗенека“ се дава на лица над 60 години. (Фото: СДК.МК)

    Земјите треба да избегнуваат да ја даваат вакцината против ковид-19 на „АстраЗенека“ и на лицата над 60 години, изјави Марко Кавалери, шефот на специјалната единица на Европската агенција за лекови (ЕМА) за ковид-19.

    ЕМА ја смета „АстраЗенека“ за безбедна вакцина за сите возрасни групи. Но, неколку земји членки на Европската Унија (ЕУ) ја ограничија употребата на оваа вакцина за граѓани над 50 или 65 години во некои земји. На тој начин, таа вакцина се дава само на повозрасната популација, откако се појавија случаи на згрутчување на крвта кај помладите луѓе.

    „Во контекст на пандемијата, нашиот став беше и е дека односот ризик-корист останува поволен за сите возрасни групи“, изјави Кавалери за италијанскиот весник „Стампа“.

    Но, со оглед на тоа дека паѓаат бројките на новозаболени и фактот дека помладата популација е помалку изложена на ризик од заболување, Кавалери вели дека за нив е подобро да се користат вакцини базирани на мРНА технологија, како „Модерна“ и „Фајзер“.

    Запрашан дали здравствените власти дека да избегнуваат да ја даваат „АстраЗенека“ на лица над 60 години, Кавалери рече: „Да, и многу земји, како Франција и Германанија го разгледуваат тоа, со оглед на поголемата достапност на вакцините базирани на мРНА технологија“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира