ЗЕМЈИТЕ ОД ЕУ ГИ СОПРЕА ЛЕТОВИТЕ ОД ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ЗА ДА СПРЕЧАТ ШИРЕЊЕ НА НОВИОТ СОЈ НА КОРОНАВИРУС

    ЗЕМЈИТЕ ОД ЕУ ГИ СОПРЕА ЛЕТОВИТЕ ОД ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ЗА ДА СПРЕЧАТ ШИРЕЊЕ НА НОВИОТ СОЈ НА КОРОНАВИРУСНовиот сој на коронавирусот брзо се шири низ Лондон и југоисточна Англија - Аеродромот Хитроу (Фото: Гети)

    Сѐ повеќе европски држави ги забранија или планираат да ги забранат сите патувања од и кон Велика Британија откако таму се појави нов сој на коронавирусот, за кој експертите велат дека се шири многу побрзо.

    Холандија прва реагираше и ги забрани сите летови од островот, а потоа со иста мерка ја следеа Белгија и Италија. Белгија кажа дека на најмалку 24 часа ќе ги запре и возовите кои доаѓаат од Британија.

    Ирска најави дека ќе ги ограничи летовите и траектите од Велика Британија, а Франција кажа дека на 48 часа ќе ги суспендира летовите и товарниот превоз. И Германија ги забранува летовите од полноќ, додавајќи дека многу сериозно ги зема предвид извештаите од Британија.

    И Романија и Бугарија на две недели го прекинаа авионскиот сообраќај со Велика Британија.

    Новиот сој на коронавирусот брзо се шири низ Лондон и југоисточна Англија, каде што премиерот Борис Џонсон воведе рестриктивни мерки од најстрог тип.

    „Новиот сој е надвор од контрола“, призна британскиот министер за здравство Мет Хенкок.

    Здравствените експерти велат дека нема докази дека новиот сој предизвикува поголема смртност или дека поинаку реагира на вакцините. Тој првпат беше идентификуван во октомври од примерок земен во септември. Светската здравствена организација кажа дека оваа мутација е пронајдена и во Холандија, Данска и Австралија.

    „До 20 декември, бројот на потврдени случаи во овие земји беше мал: девет во Данска и по еден во Холандија и Австралија. Други земји ја известија СЗО за други варијанти кои носат некои од генетските промени видени кај сојот од Велика Британија“, кажа Кетрин Смолвуд од европскиот оддел на СЗО.

    Утврдено е дека британскиот сој се пренесува многу побрзо од оригиналниот вирус, дури и до 70%, но научните детали за генетските промени и како тие влијаат врз однесувањето на ковид-19 засега остануваат нејасни.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира