ЗЕМЈИТЕ ОД Г7 СЕ СОГЛАСИЈА ДА ОСЛОБОДАТ 100 МИЛИОНИ БАРЕЛИ ДИЗЕЛ И НАФТА ПОД ПРИТИСОК НА ТРАМП

    ЗЕМЈИТЕ ОД Г7 СЕ СОГЛАСИЈА ДА ОСЛОБОДАТ 100 МИЛИОНИ БАРЕЛИ ДИЗЕЛ И НАФТА ПОД ПРИТИСОК НА ТРАМПЕвропа годинава го зголеми увозот на американскиот дизел поради нарушеното снабдување од Заливот (Фото: СДК.МК)

    Земјите од Г7 се договорија да ослободат 100 милиони барели дизел и сурова нафта од своите резерви, потег што беше поздравен од американскиот претседател Доналд Трамп, кој бара начин да го ублажи наглиот раст на цените на горивата поврзан со војната во Иран.

    Овој конфликт поттикна во март да биде ослободено најголемото количество нафта од резервите за итни случаи во историјата, координирано од Меѓународната агенција за енергетика.

    „Земајќи ги предвид веќе исполнетите обврски, ќе ги реализираме нашите заложби преку координирано пуштање во оптек на 100 милиони барели, во соработка со Меѓународната агенција за енергетика“, соопштија земјите од Г7.

    Ова ќе започне веднаш и ќе трае четири месеци. Не е наведено кои земји ќе учествуваат.

    „Европа штотуку се согласи да ослободи огромна количина од нејзините силни залихи на дизел гориво. Процесот ќе започне веднаш“, кажа Трамп, кој се обидува да ги намали домашните цени на горивото пред меѓуизборите на 3 ноември.

    Администрацијата на Трамп претходно им порачала на Германија и Франција да ги искористат своите резерви на дизел или ќе се соочат со можна забрана за извоз на дизел од САД. Европа годинава го зголеми увозот на американскиот дизел поради нарушеното снабдување од производителите во Заливот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира