ЗЕМЈОТРЕС ОД 5,1 СТЕПЕН ЈА ПОГОДИ АТИНА, НЕМА ЖРТВИ

    ЗЕМЈОТРЕС ОД 5,1 СТЕПЕН ЈА ПОГОДИ АТИНА, НЕМА ЖРТВИЗемјотресот не предизвикал штети, само паника меѓу граѓаните

    Земјотрес со јачина од 5,1 степен според Рихтерова скала ја погоди Атина денеска и властите велат дека нема повредени.

    Епицентарот бил 23 километри северозападно од главниот град на Грција, соопштија сеизмолози.

    Засега не се пријавени големи штети, но земјотресот предизвикал прекин во електроснабдувањето и во телекомуникациите во делови од градот.

    Сведоци изјавија дека граѓаните во паника истрчувале на улица и дека се евакуирале високи згради.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари