ЗЕМЈОТРЕС ОД 5,2 СТЕПЕНИ КАЈ ХАЛКИДИКИ, ГРЧКИТЕ СЕИЗМОЛОЗИ ВЕЛАТ ДЕКА СЕ ЛАЖНИ ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НОВ ПОСИЛЕН ПОТРЕС

    ЗЕМЈОТРЕС ОД 5,2 СТЕПЕНИ КАЈ ХАЛКИДИКИ, ГРЧКИТЕ СЕИЗМОЛОЗИ ВЕЛАТ ДЕКА СЕ ЛАЖНИ ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НОВ ПОСИЛЕН ПОТРЕСЕпицентарот бил во морето, 12 километри југозападно од Неа Мудања, на длабочина од 15,9 километри. (Фото: Скај.гр)

    Земјотрес со јачина од 5,2 степени по Рихтер го погоди Халкиди во Грција. Епицентарот на земјотресот во 18.03 часот по македонско време бил во морето, 12 километри југозападно од Неа Мудања, на длабочина од 15,9 километри, според проценките на Институтот за геодинамика во Атина.

    Четири минути подоцна имаше афтершок од 4,2 степени по Рихтер, а епицентарот бил на 11 километри југозападно од Неа Мудања.
    Земјотресот се почувствувал и во Солун, а засега нема пријави за штети.

    По земјотресот, во Грција, во медиумите и на социјалните мрежи се појавија многу шпекулации за нов поголем земјотрес. Експерти за „Катимерини“ велат дека тоа е само ширење страв без основа.

    „За жал, медиумите некритично ги пренесуваат шпекулациите. Ќе видите комплетно невистинит напис во еден медиум и потоа репродуциран без промени од десетици други. Ова е модерен феномен кој што станува полош и засега никој не нашол решение за овој проблем. Најголем дел од медиумите пишуваат за зголемена сеизмичка загриженост во Грција без апсолутно никаква основа. Тоа се целосно лажни вести, без каква било тежина“, вели Костас Папазахос, професор по физика на литосферата, сеизмологија и применета геофизика.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира