ЗЕМЈОТРЕС ОД 5,8 СТЕПЕНИ ГО ПОГОДИ МЕЛБУРН, НЕМА ЖРТВИ

    ЗЕМЈОТРЕС ОД 5,8 СТЕПЕНИ ГО ПОГОДИ МЕЛБУРН, НЕМА ЖРТВИЗемјотресите се доста невообичаени за населениот источен дел на Австралија (Фото: Гети)

    Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтерова скала го погоди југоисточниот дел на Австралија, оштетувајќи згради во Мелбурн. Епицентар на земјотресот бил во руралниот град Менсфилд, недалеку од главниот град на сојузната држава Викторија.

    „Немаме информации за сериозно повредени и тоа е добра вест“, изјави австралискиот премиер Скот Морисон.

    Земјотресот се почувствувал и во соседните сојузни држави Јужна Австралија и Нов Јужен Велс. Иако ова е еден од најсилните земјотреси досега измерени во Австралија, тој не предизвикал значителни оштетувања.

    „Земјотресите се многу ретки за Австралија, па можат да предизвикаат големо вознемирување“, додаде Морисон.

    Силни земјотреси се доста невообичаени за Австралија зашто континентот лежи централно на тектонска плоча. Денешниот земјотрес беше посилен од оној во 1989 година, кога во градот Њукасл загинаа 13 луѓе.

    Националната сеизмчика агенција вели дека во Австралија на секои десет години се случуваат потенцијално тешки земјотреси од околу шест степени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира