ЗЕМЈОТРЕС ОД 7,8 СТЕПЕНИ ГИ ПОГОДИ ТУРЦИЈА И СИРИЈА, НАЈМАЛКУ 230 ЗАГИНАТИ

    ЗЕМЈОТРЕС ОД 7,8 СТЕПЕНИ ГИ ПОГОДИ ТУРЦИЈА И СИРИЈА, НАЈМАЛКУ 230 ЗАГИНАТИТурските власти кажаа дека од земјотресот се погодени десет градови (Фото: АП)

    Моќен земјотрес утрово погоди широка област во југоисточниот дел на Турција близу границата со Сирија, при што загинаа над 230 луѓе, а многумина се заробени под урнатините. Американската геолошка служба соопшти дека земјотресот имал јачина од 7,8 степени според Рихтерова скала, а бил на длабочина од 17,9 километри близу градот Газијантеп.

    Турските власти кажаа дека од земјотресот се погодени десет градови, вклучувајќи ги Малатија, Адана, Дијарбакир и Санлиурфа. Бројни згради се урнати и спасувачките екипи кажаа дека најмалку 440 луѓе се повредени.

    Во Сирија, државните медиуми објавија дека има многу мртви во регионите Алепо, Хама и Латакија. Тресењето се почувствувало и во Либан и Кипар.

    Турските сеизмолози првично кажаа дека земјотресот имал јачина од 7,4 степени и неколку минути подоцна имало уште еден.

    Турција лежи на една од најактивните земјотресни зони на светот. Во 1999 година, над 17.000 луѓе загинаа во моќен земјотрес во северозападниот дел на земјата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира