ЗЕМЈОТРЕС СО ЈАЧИНА ОД 6,3 СТЕПЕНИ СПОРЕД РИХТЕР ЈА ПОГОДИ ЛАРИСА ВО ГРЧКИОТ РЕГИОН ТЕСАЛИЈА

    ЗЕМЈОТРЕС СО ЈАЧИНА ОД 6,3 СТЕПЕНИ СПОРЕД РИХТЕР ЈА ПОГОДИ ЛАРИСА ВО ГРЧКИОТ РЕГИОН ТЕСАЛИЈАЕпицентарот бил на 15 километри од градот Еласона во регионот Тесалија

    Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтерова скала го погоди регионот Тесалија во централниот дел на Грција.

    Според специјализираните сајтови за следење земјотреси, епицентарот бил 15 километри од Еласона, град во округот Лариса, на длабочина од десет километри. Засега нема информации за евентуални жртви и штети.

    Геодинамичкиот институт од Атина соопшти дека земјотресот имал јачина од 5,9 степени според Рихтер, пренесе „Екатимерини“.

    Тресењето, кое траеше повеќе од 30 секунди, се почувствува и во Македонија, но и во сите земји во регионот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира