ЖАЛ МИ Е ШТО МОИТЕ ИДЕИ И ПЛАНОВИ БЕА ОДБИЕНИ, НО ПАРЛАМЕНТОТ РАЗМИСЛУВАШЕ КАКО СТАДО, КАЖА ЏОНСОН

    ЖАЛ МИ Е ШТО МОИТЕ ИДЕИ И ПЛАНОВИ БЕА ОДБИЕНИ, НО ПАРЛАМЕНТОТ РАЗМИСЛУВАШЕ КАКО СТАДО, КАЖА ЏОНСОНЏонсон планира да остане премиер до есен (Фото: АП)

    Британскиот премиер Борис Џонсон објави дека поднесува оставка, истакнувајќи дека волјата на партијата беше јасна. Тој веднаш се повлекува од лидерската позиција во Конзервативната партија, но планира да остане премиер до есен, односно до изборот на новото партиско водство.

    „Неописиво сум горд на постигнувањата на оваа влада, од брегзит, преку водењето на земјата низ ковид пандемијата до предводењето на западот во спротивставувањето на руската инвазија на Украина. Но, во политиката, никој не е незаменлив“, кажа Џонсон.

    Тој денеска назначи нови министри, откако речиси целата влада поднесе оставка во изминатите 36 часа, согласувајќи се дека процесот на избор на нов лидер треба да почне веднаш.

    „Знам дека на некои луѓе ќе им олесни што си одам, но тажен сум што ја напуштам најдобрата работа на светот. Жал ми е што не беа прифатени моите аргументи, идеи и проекти. Парламентот размислуваше со инстинктот на стадо“, кажа Џонсон.

    Тој остана на власт речиси три години, иако неговиот мандат беше обременет со скандали. Не се извини за настаните кои водеа до распадот на владата, опишувајќи го неговото заминување како изнудено и ексцентрично.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира