ЖЕЛЕЗНИЧКА НЕСРЕЌА КАЈ МИЛАНО, НАЈМАЛКУ ПЕТМИНА ЗАГИНАТИ

    ЖЕЛЕЗНИЧКА НЕСРЕЌА КАЈ МИЛАНО, НАЈМАЛКУ ПЕТМИНА ЗАГИНАТИДржавната железничка компанија одби да даде детали за жртви и повредени (Фото: АНСА)

    Воз излета од шините во близина на Милано, при што најмалку петмина се загинати и десетина патници се сериозно повредени, објавија италијанските медиуми.

    Портпаролот на државната компанија „Феровие дело стато“ за Ројтерс ја потврди информацијата дека несреќата се случила во близина на Пјолтело, на околу 40 километри од Милано. Компанијата одби да дава информации за бројот на мртви и повредени.

    Спасувачките екипи се на местото на несреќата.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира