ЖЕНА ДОБИ НОБЕЛОВА НАГРАДА ЗА ФИЗИКА ЗА ПРВПАТ ПО 55 ГОДИНИ

    ЖЕНА ДОБИ НОБЕЛОВА НАГРАДА ЗА ФИЗИКА ЗА ПРВПАТ ПО 55 ГОДИНИДона Стрикленд од Канада е само трета физичарка досега која ја добила оваа награда

    За првпат во последните 55 години, Нобелова награда за физика е доделена на жена.

    Канаѓанката Дона Стрикленд со тоа стана само третата физичарка која ја добила оваа награда, по Марија Кири во 1903 и Марија Геперт-Мајер во 1963 година.

    Д-р Стрикленд ќе ја подели престижната награда со Артур Ашкин од САД и со Жерар Муру од Франција, на кои на овој начин им се признати откритија на полето на ласерската физика.

    Ашкин има развиено ласерска техника која се користи во проучувањето на биолошки системи, додека Муру и Стрикленд открија начин на генерирање на многу кратки ласерски импулси со висок интензитет, кои имаат различна примена, вклучувајќи ласерска операција на очите.

    Тие ќе поделат премија од девет милиони шведски круни (998.618 долари).

    „Прво што ќе помислиш кога ќе слушнеш е дека ова е лудо и се прашуваш дали е вистина. Пресреќна сум и за Ашкин и за Жерар, кој беше мој супервизор и ментор и многу ја заслужи наградата“, изјави 59-годишната Стрикленд.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира