ЖЕНА ЗАСТРЕЛА ТРОЈЦА ВО „МЕКДОНАЛДС“ ВО ОКЛАХОМА СИТИ ОТКАКО ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТ НЕ Ѝ ДОЗВОЛИЛЕ ДА ЈАДЕ ВНАТРЕ

    ЖЕНА ЗАСТРЕЛА ТРОЈЦА ВО „МЕКДОНАЛДС“ ВО ОКЛАХОМА СИТИ ОТКАКО ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТ НЕ Ѝ ДОЗВОЛИЛЕ ДА ЈАДЕ ВНАТРЕТројцата застрелани не се животно загрозени

    Тројца вработени во ресторан на „Мекдоналдс“ во Оклахома Сити се застрелани од една жена откако ѝ било кажано дека не може да јаде внатре поради рестриктивните мерки воведени поради коронавирусот, објави полицијата.

    Таа во прв момент одбивала да си замине, при што се степала со една од вработените. По некое време се вратила во ресторанот со пиштол и почнала да пука. Тројцата застрелани се превезени во болница, но не се животно загрозени, додека жената која пукала по кратко време била приведена.

    „Осомничената по кратко време се вратила во ресторанот со пиштол, по што испукала неколку куршуми. Еден вработен е погоден во рака, а уште двајца се повредени од шрапнели“, изјави полицискиот капетан Лери Витроу.

    Извршниот шеф на „Мекдоналдс“ Крис Кемпчински изјави дека повредените ќе бидат добро.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира