ЖЕРАР ДЕПАРДЈЕ ОСУДЕН УСЛОВНО НА ГОДИНА И ПОЛ ЗАТВОР ЗА СЕКСУАЛЕН НАПАД ВРЗ ДВЕ ЖЕНИ ПРИ СНИМАЊЕ ФИЛМ

    ЖЕРАР ДЕПАРДЈЕ ОСУДЕН УСЛОВНО НА ГОДИНА И ПОЛ ЗАТВОР ЗА СЕКСУАЛЕН НАПАД ВРЗ ДВЕ ЖЕНИ ПРИ СНИМАЊЕ ФИЛМДепардје постојано негираше дека сторил нешто лошо, а неговиот адвокат рече дека ќе поднесе жалба на одлуката на судот. (Фото: АП)

    Судот во Париз денеска го прогласи актерот Жерар Депардје за виновен за сексуален напад врз две жени на филмски сет во 2021 и му изрече условна затворска казна од 18 месеци, што го означи падот на колосалната фигура на француската кинематографија. Во еден од случаите со највисок профил на движењето #MeToo кој се најде пред судиите во Франција, Депардје постојано негираше дека сторил нешто лошо, а неговиот адвокат рече дека ќе поднесе жалба на одлуката на судот.

    Но, судијата Тиери Донар рече дека објаснувањето на Депардје за настаните било неубедливо.

    Протестното движење против сексуалното насилство #MeToo се бореше да ја добие истата популарност во Франција како и во САД, иако постојат знаци дека општествените ставови кон сексуалниот напад се менуваат.

    Една од двете тужителки, сценографкаата Амели К, изјави пред судот дека актерот ја пипкал по целото тело додека ја заробил меѓу неговите нозе и давал експлицитни сексуални коментари.

    „Тој допираше сè, вклучително и моите гради“, се сеќава таа. Бев преплашена, тој се смееше“.

    Претседавачкиот судија рече дека двајца сведоци ја потврдија нејзината изјава, додека Депардје, кој не беше присутен на пресудата, беше контрадикторен во неговите сопствени извештаи.

    Адвокатот на Амели К ја опиша пресудата како „убава одлука“ која им даде признание на жртвите на Депардје.

    Депардје се соочува со зголемен број обвинувања за сексуален напад во последниве години, што го стави во центарот на вниманието како се третираат жените во филмската индустрија. Тој постојано негира дека сторил нешто лошо.

    Неговото судење ја откри генерациската поделба во Франција околу сексизмот, при што некои истакнати постари актерки го бранеа. Брижит Бардо (90) вчера изјави дека „оние кои имаат талент и пипкаат девојка, се фрлаат во калта“.

    Негирајќи го сексуалниот напад, Депардје пред судот тврдеше дека не мислел дека е сексуален напад ако стави рака на задникот на некоја личност и дека некои жени премногу лесно се шокираат.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира