„ЖОЛТИТЕ ЕЛЕЦИ“ НЕ ПОПУШТААТ, ФРАНЦУСКАТА ВЛАДА СТРАВУВА ОД ГОЛЕМИ НЕРЕДИ ВИКЕНДОВ

    „ЖОЛТИТЕ ЕЛЕЦИ“ НЕ ПОПУШТААТ, ФРАНЦУСКАТА ВЛАДА СТРАВУВА ОД ГОЛЕМИ НЕРЕДИ ВИКЕНДОВВладата се откажа од планот да го зголеми данокот на горивата, но протестите сепак стануваат помасовни и пожестоки (Фото: Ројтерс)

    Француската влада стравува од големи насилства во Париз претстојниот викенд, бидејќи националните протести на таканаречените „жолти елеци“ не покажуваат знаци на попуштање.

    Владата се откажа од планот да го зголеми данокот на горивата, што беше оригинален повод за протестите пред тие да прераснат во општо незадоволство од економските политики на претседателот Макрон, но и покрај тоа, нови протести се закажани за сабота.

    Протестите што се одржаа изминатиот викенд предизвикаа штета од неколку милиони евра, при што беа оштетени и значајни културно-историски обележја. Стотици беа повредени и уапсени и Макрон дури ја разгледуваше можноста да воведе вонредна состојба за да се справи со најлошата криза во последните 50 години.

    Иако немаат централно водство, „жолтите елеци“ минатата недела упатија повеќе од 40 барања до владата. На протестите во меѓувреме им се придружија и разни групи и синдикални организации, кои ги повикаа своите членови на штрајк в недела. Голем број млади луѓе излегоа на улица поради образовни реформи, откако Макрон најави дека ќе го промени системот за упис на факултети донесен од Наполеон пред повеќе од 200 години.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира