ЗНАЧИТЕЛЕН ПАД НА БРОЈОТ НА ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 ВО ИТАЛИЈА И ШПАНИЈА

    ЗНАЧИТЕЛЕН ПАД НА БРОЈОТ НА ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 ВО ИТАЛИЈА И ШПАНИЈАШпанија вчера ја надмина Италија во бројот на заразени (Фото: Гети)

    Италија го пријави најмалиот број на починати од КОВИД-19 од 19 март, откако во последните 24 часа оваа болест однесла 552 животи. Тоа е нов знак за подобрување на ситуацијата во земјата откако вчера бројката изнесуваше 681.

    Од коронавирусот досега починаа 15.887 жители на Италија.

    Шефот на цивилната заштита Анџело Борели извести дека има и 4.316 нови случаи на зараза, што е околу 500 помалку во однос на вчера.

    Бројот на мртви продолжи да паѓа и во Шпанија. Таму во последните 24 часа починале 674 луѓе од КОВИД-19, дури 135 помалку во споредба со вчера. Шпанија е сега на 12.418 починати од последиците на коронавирусот, како и на 130.759 заразени, од кои 6.023 се новорегистрирани случаи.

    „Овој петпроцентен пораст е најмал од почетокот на кризата“, објави шпанското министерство за здравство, кое вчера најави дека земјата полека го надминува врвот на заразата.

    Шпанија вчера ја надмина Италија во бројот на заразени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира