„Зум“, компанијата за видеокомуникации чие име стана синоним за работа на далечина за време на пандемијата, им нареди на своите вработени да се вратат назад во канцеларија.
Компанијата вели дека „структуриран хибриден пристап“ е најефективен и дека вработените кои живеат на помалку од 80 километри од канцеларија треба да доаѓаат на работа најмалку двапати неделно.
Сè повеќе големи компании се решаваат да ги повикаат вработените назад во канцелариите. „Амазон“ и „Дизни“ се меѓу таквите компании кои ги намалија деновите за работа на далечина.
Пред пандемијата, само околу 5 отсто од работниците во САД работеа на далечина. „Зум“ претходно им кажа на вработените дека ќе може засекогаш да работат на далечина.