КАМБОВСКИ: НЕ МОЖЕ ТОПТАН АБОЛИЦИЈА, МОРА СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ

a:2:{s:11:"td_subtitle";s:384:"АкоИвановдонелтакваОпштаодлуказапомилување,анепоединечниактиадресираниточнопоиме,презимеикривичнидела,постапилнадвородсвоитеовластувањаиизвршилдржавенудар“,сметаакадемикКамбовски";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    КАМБОВСКИ: НЕ МОЖЕ ТОПТАН АБОЛИЦИЈА, МОРА СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ

    “Ниеден обвинител, ниеден суд не може да го натера да запре кривична постапка ваква општа одлука за аболицирање на осомничени и обвинети од претседателот на државата. Претседателот дава аболиција не со општ акт, туку со поединечни решенија. Се надевам Ѓорге Иванов направи грешка во говорот“,  реагира за СДК.МК академик Владо Камбовски, кој вели дека Иванов требало да каже всушност: “Донесов решенија за аболиција“, место “Донесов општа одлука, Одлуката стапува во сила веднаш…“.
    Камбовски објаснува дека помилување и амнестија се вршат со носење на акт. Со општ акт амнестија дава Собранието на Македонија.  Претседателот аболицира, но не со општ акт, туку со решение, вели тој. Во секое решение треба да пишува за кого се носи, тоа треба да биде со име и презиме на лицето што се аболира, во него треба да биде наведено за кои кривични дела се аболира и да стои што да се направи натаму со постапката за тоа лице. Тоа го бара Законот, вели Камбовски, а сите други начини што ги одбира претседателот за да запира кривични постапки против осомничени и обвинети лица, е надвор од Законот.
    “Ако Иванов донел таква Општа одлука за помилување, а не поединечни акти адресирани точно по име, презиме и кривични дела, постапил надвор од своите овластувања и извршил државен удар“, смета академик Камбовски.
    Тој исто така не се согласува со амнестирањето на идни кривични дела во врска со криминалот од прислушуваните разговори.
    “Тоа е исто така нонсенс. За идни постапки не може уште сега да дава аболиција. Мора првин да се поведе (пред)истражна постапка, па со поединечни решенија Иванов отпосле да аболира“, вели тој.
    Камбовски смета дека за да даде Иванов вакви изјави кои немаат врска со законите, најверојатно меѓу неговите советници се случиле некои големи несогласувања. Можно е вели дека советниците  ќе ја искорегираат изјавата на претседателот за неговата амнестија со Општа одлука  и дека дополнително ќе пеглаат и штанцаат поединечни акти за да стане аболицијата законска.
    Од морален аспект, на претседателот на Македонија му е дозволено да аболира со поединечни решенија, вели Камбовски, но остава дилема: “Но со истите аболирани функционери да продолжи државата како ништо да не се случило? Па Иванов тие едни исти луѓе ќе ги аболира по 100 пати.“

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира