КРАЈ НА ПОЛИТИЧКАТА КРИЗА ВО ГЕРМАНИЈА, СОЦИЈАЛДЕМОКРАТИТЕ ГЛАСАА ЗА КОАЛИЦИЈА СО МЕРКЕЛ

    КРАЈ НА ПОЛИТИЧКАТА КРИЗА ВО ГЕРМАНИЈА, СОЦИЈАЛДЕМОКРАТИТЕ ГЛАСАА ЗА КОАЛИЦИЈА СО МЕРКЕЛЧленството на Социјалдемократите беше поделено по прашањето дали да се влезе во коалиција со Меркел, па тоа мораше да се реши на внатрепартиско гласање (Фото: Гети)

    Германската канцеларка Ангела Меркел е подготвена по четврти пат да формира влада, откако Социјалдемократите гласаа за приклучување кон големата коалција, со што ќе се стави крај на петмесечната политичка криза во земјата.

    Членството на партијата беше поделено по ова прашање, при што водството ја поддржуваше коалицијата, додека нејзиното радикално младо крило беше против. На внатрепартиското гласање, кое се одолжи до доцна во ноќта, 66% од членовите се изјаснија „за“.

    Меркел, која е на власт веќе 12 години, сега ќе има силна опозиција во крајнодесничарската партија Алијанса за Германија, која освои голем број гласови на изборите и за првпат влезе во парламентот благодарение на својата антиимиграциска политика.

    Истовремено, Социјалдемократите го остварија најлошиот резултат на едни избори во својата историја, но, сепак, остануваат на власт, откако Меркел претходно не успеа да се договори со либералните Слободни демократи и со Зелените.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира