НАЈМАЛКУ ЧЕТИРИ ЗАГИНАТИ ВО ПОЖАРИТЕ КОИ СЕ ШИРАТ ОКОЛУ АТИНА

    НАЈМАЛКУ ЧЕТИРИ ЗАГИНАТИ ВО ПОЖАРИТЕ КОИ СЕ ШИРАТ ОКОЛУ АТИНАПожарникарите кои се на терен велат дека ситуацијата е екстремно тешка (Фото: АФП)

    Најмалку четири луѓе загинаа, а десетици се повредени во шумските пожари што се шират во Грција, што ги принуди властите да побараат меѓународна помош.

    Стотици пожарникари се борат со огнот, при што голем број луѓе мораа да ги напуштат своите домови во близина на Атина. Стотина деца се евакуирани од летни кампови, а се трага по десет туристи кои со брод избегале од еден пожар.

    Најкритично е во регионот Атика (Фото: Гети)

    „Ќе сториме сѐ што е во нашата моќ да ги ставиме пожарите под контрола“, изјави премиерот Алексис Ципрас, кој поради ситуацијата ја прекина посетата на БиХ.

    Тој прогласи вонредна состојба за регионот Атика околу главниот град.

    Пожарникарите кои се на терен велат дека ситуацијата е екстремно тешка, при што 25 луѓе се примени во болница, од кои четири се критично. Еден сведок изјави за „Ројтерс“ дека видел четири мртви тела во Атина.

    Владата побара помош од Европската Унија во хеликоптери и пожарникари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира