САМОЦЕНЗУРАТА Е ШИРОКО ЗАСТАПЕНА, НОВИНАРИТЕ СЕ ПРОВОЦИРАНИ И ВЕРБАЛНО НАПАЃАНИ, ЗАГРИЖЕНИ СЕ ОБСЕ/ОДИХР

a:1:{s:9:"td_source";s:43:"Скопје,(САКАМДАКЖАМ.МК)

    САМОЦЕНЗУРАТА Е ШИРОКО ЗАСТАПЕНА, НОВИНАРИТЕ СЕ ПРОВОЦИРАНИ И ВЕРБАЛНО НАПАЃАНИ, ЗАГРИЖЕНИ СЕ ОБСЕ/ОДИХР

    Набљудувачката мисија за избори (НМИ) на ОБСЕ/ОДИХР изрази загриженост за широко застапената самоцензура како резултат на политичкиот притисок врз медиумите и случаите на провокации и вербални напади врз новинарите во најновиот периодичен извештај, објавен денеска.

    „Јавните медиуми се обврзани рамномерно да известуваат за сите изборни кандидати, да отстапат простор за бесплатно емитување и да организираат дебати. Значителните медиумски реформи предвидени со Пржинскиот договор сè уште не се договорени. Соговорниците на НМИ на ОБСЕ/ОДИХР изразија загриженост за широко застапената самоцензура како резултат на политичкиот притисок врз медиумите и случаите на провокации и вербални напади врз новинарите“, се вели во извештајот.

    Според НМИ на ОБСЕ/ОДИХР, предизборната атмосфера е генерално мирна, со забележани мал број на изолирани инциденти, но НМИ на ОБСЕ/ОДИХР била известена за случаи на наводни притисоци врз вработените во јавната администрација да поддржат одредена политичка партија.

    НМИ за набљудување на предвремените парламентарни избори на 11 декември, на чело со Тана де Зулуета, ја сочинува главен тим од 14 члена, со седиште во Скопје, и 20 долгорочни набљудувачи (ДН) кои беа распоредени низ целата земја на 9 ноември. Членовите на Мисијата се избрани од 22 земји-учеснички на ОБСЕ. Од земјите-учеснички беше побарано да испратат 300 краткорочни набљудувачи (КН) за набљудување на дејствијата на денот на изборите.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира