СОБРАНИЕТО ГИ ПРОГЛАСИ ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО И КАЊОНОТ МАТКА ЗА СПОМЕНИЦИ НА ПРИРОДАТА

    СОБРАНИЕТО ГИ ПРОГЛАСИ ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО И КАЊОНОТ МАТКА ЗА СПОМЕНИЦИ НА ПРИРОДАТАВладата уште лани во февруари донесе одлука за прогласување на Кањонот Матка за заштитено подрачје во трета категорија. Дивите платформи во езерото (Фото: СДК.МК)

    Собранието на денешната седница усвои закони со кои три природни локалитети во земјава добија посебен заштитен статус.

    Со посебни закони, Охридското Езеро и Kањонот Матка се прогласуваат за споменици на природата, додека Студенчишко Блато кај Охрид ќе има статус на парк на природата.

    Владата уште лани во февруари донесе одлука за прогласување на Кањонот Матка за заштитено подрачје во трета категорија – споменик на природата, додека за Охридското Езеро ваква одлука беше донесена во почетокот на оваа година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира