УКРАИНЦИТЕ РАКЕТИРАА ФАБРИКА ЗА ВОЕНА ЕЛЕКТРОНИКА ВО РУСКИОТ ГРАД ВОРОНЕЖ

    УКРАИНЦИТЕ РАКЕТИРАА ФАБРИКА ЗА ВОЕНА ЕЛЕКТРОНИКА ВО РУСКИОТ ГРАД ВОРОНЕЖУкраинската војска објави дека употребила крстосувачки ракети (Фото: Телеграм)

    Украинската војска соопшти дека погодила фабрика што произведува електроника за ракети во рускиот град Воронеж, што е најновиот удар врз рускиот воено-индустриски комплекс. Војската објави дека употребила крстосувачки ракети лансирани од воздух за да го погоди објектот, што го опиша како „критична компонента во руското воено производство“.

    Нападот го потврди и гувернерот на Воронеж, Александар Гусев, Тој кажа дека три лица се повредени и дека се оштетени производствените хали на една фабрика, без да ја именува.

    Според медиумските извештаи, фабриката, која е оддалечена над 180 километри од украинската граница, произведува транзистори и други електронски компоненти за крстосувачки ракети и ракетни системи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира