ВАКЦИНАТА НА „АСТРАЗЕНЕКА“ СОЗДАВА ПОСИЛЕН КЛЕТОЧЕН ОДГОВОР ПРОТИВ КОВИД-19 ОД ВАКЦИНАТА НА „ФАЈЗЕР“ КАЈ ПОВОЗРАСНИТЕ

    ВАКЦИНАТА НА „АСТРАЗЕНЕКА“ СОЗДАВА ПОСИЛЕН КЛЕТОЧЕН ОДГОВОР ПРОТИВ КОВИД-19 ОД ВАКЦИНАТА НА „ФАЈЗЕР“ КАЈ ПОВОЗРАСНИТЕВакцините на „АстраЗенека“ и „Фајзер“ предивикуваат силен имунолошки одговор по само една доза (Фото: СДК.МК)

    Само една доза од ковид вакцината на „АстраЗенека“ или на „Фајзер/Бионтек“ создава силен имунолошки одговор кај лицата постари од 80 години, велат истражувачите.

    Првата студија која ги спореди перформансите на двете вакцини кои во изминатите месеци се користат во Велика Британија покажа дека 93% од луѓето развиле антитела против шилестиот протеин на коронавирусот пет до шест недели по примањето на една доза од „Фајзер“, односно 87% по една доза на „АстраЗенека“.

    Сепак, тие пронашле разлика кога станува збор за клеточниот одговор предизвикан од вакцините.

    Вакцината на „АстраЗенека“ имала поголем ефект, откако 31% од луѓето развиле Т-клетки против шилестиот протеин, наспроти 12% кај оние кои се имунизирале со „Фајзер“. Оние кои се вакцинирале со „АстраЗенека“ исто така имале посилен клеточен одговор.

    Ова сугерира дека британскиот пристап од 12 недели чекање меѓу две дози е безбеден, бидејќи најранливите возрасни групи развиваат силен имунолошки одговор уште пред да ја добијат втората доза.

    „Важно е да се проучи што се случува во имунолошкиот систем на старите лица по вакцинирањето, зашто знаеме дека неговите функции ослабнуваат со годините. Вакцините не секогаш делуваат еднакво ефективно кај старите како кај младите лица“, изјави Хелен Пери од Универзитетот во Бирмингем, која беше еден од водачите на истражувањето.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира