ЛИЦАТА КОИ ВО ПОСЛЕДНИВЕ 9 МЕСЕЦИ ПРЕЛЕЖАЛЕ КОВИД-19 ЌЕ ДОБИЈАТ СЕРТИФИКАТ ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО

    ЛИЦАТА КОИ ВО ПОСЛЕДНИВЕ 9 МЕСЕЦИ ПРЕЛЕЖАЛЕ КОВИД-19 ЌЕ ДОБИЈАТ СЕРТИФИКАТ ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВОСертификатиот се издава за лицата кои регистрирани како позитивни случаи во Мој термин. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Лицата кои во изминативе девет месеци прележаа ковид-19 ќе добијат сертификат од Министерството за здравство.

    Оттаму велат дека во Националниот систем Мој термин  велат дека сертификатот се издава за сите лица кои во последните 9 месеци биле позитивни на Сарс-Ков-2 и се регистрирани како позитивни случаи во Националниот систем. Во земјава досега вкупно ковид дијагностицирани  се 155.676 лица.

    Сертификатот може да се преземе кај матичниот лекар или со најава на страницата vakcinacija.mk.

    Сертификатот е на македонски и англиски јазик, содржи податоци за лицето (име и презиме, ЕМБГ, ЕЗБО, датум на раѓање, пол) тип на тест, дата на тестирање, дата на позитивен резултат, Здравствена установа (лабораторија) каде е направено тестирањето, како и кју-ар од.

    Сертификатот е заверен со дигитален печат на Министерството за здравство.


      ГЛАСНО - во САКАМДАКАЖАМ.МК пријавете проблеми во здравствениот систем


      Почитувани читатели, ни треба вашата помош за заедно да ги откриеме, истражиме и придонесеме за решение на какви било проблеми што го отежнуваат или оневозможуваат пристапот до квалитетна услуга во јавното здравство. Пишете ни за вашите проблеми со здравствените институции низ целата земја. Ви благодариме на довербата.

      Симнете ја мобилната апликација

      ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира