НЕ ЗЕМАЈТЕ АНТИБИОТИЦИ ЗА ВИРУСИ, АПЕЛИРА АГЕНЦИЈАТА ЗА ЛЕКОВИ

    НЕ ЗЕМАЈТЕ АНТИБИОТИЦИ ЗА ВИРУСИ, АПЕЛИРА АГЕНЦИЈАТА ЗА ЛЕКОВИОд Агенцијата велат дека од почетотокот на ковид пандемијата, евидентирана е зголемена потрошувачка на антибиотиците. (Фото: СДК.МК)

    Граѓаните да не користат антибиотици за превенција и третман на ковид-19 на своја рака, а лекарите рационално да ги препишуваат, апелира Агенцијата за лекови и медицински средства МАЛМЕД.

    Од Агенцијата велат дека од почетотокот на ковид пандемијата, евидентирана е зголемена потрошувачка на антибиотиците, и затоа реагираат граѓаните да не се лечат по свое лично убедување и без претходна консултација со лекар или фармацевт.

    „Ги потсетуваме здравствените работници на насоките за рационално користење на антибиотици, нивна употреба согласно индикационото подрачје како и издавање на антибиотиците во аптеките исклучиво на лекарски рецепт. Антибиотиците се индицирани за третман на бактериска инфекција, но не и вирусна“, реагира МАЛМЕД.

    Министерот за здравство Венко Филипче уште од почетокот на коронакризата во март лани, апелираше до граѓаните дека не е добро на своја рака да се лекуваат со антибиотска терапија, откако во јавноста излегоа информации дека граѓаните масовно го купуваат антибиотикот „сумамед“.


      ГЛАСНО - во САКАМДАКАЖАМ.МК пријавете проблеми во здравствениот систем


      Почитувани читатели, ни треба вашата помош за заедно да ги откриеме, истражиме и придонесеме за решение на какви било проблеми што го отежнуваат или оневозможуваат пристапот до квалитетна услуга во јавното здравство. Пишете ни за вашите проблеми со здравствените институции низ целата земја. Ви благодариме на довербата.

      Симнете ја мобилната апликација

      ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира