РЕВАКЦИНАТА НА „АСТРАЗЕНЕКА“ ЌЕ СЕ ПРИМА НА 6 НЕДЕЛИ, НАМЕСТО КАКО ДОСЕГА НА 12 НЕДЕЛИ

    РЕВАКЦИНАТА НА „АСТРАЗЕНЕКА“ ЌЕ СЕ ПРИМА НА 6 НЕДЕЛИ, НАМЕСТО КАКО ДОСЕГА НА 12 НЕДЕЛИОстанува на сила одлуката „АстраЗенека“ да се дава на лица постари од 60 години. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Ревакцината со „АстраЗенека“ во земјава отсега ќе се врши на 6 недели, наместо како што беше досега, на 12 недели по примањето на првата доза, кажа денеска министерот за здравство Венко Филипче.

    Одлуката ја донел Националниот комитет за имунизација, а останува на сила одлуката оваа вакцина кај нас да се дава на лица постари од 60 години.

    „Во упатството има една флексибилност, тоа е од 4-12 недели. Ние бевме многу внимателни чекајќи ги сите публикации и искуства на другите земји во однос на првично регистрираните несакани ефекти. Како времето одминува и гледаме дека тој ризик е минимален, одлучивме ревакцината да не биде на минимумот од 4 недели, да биде на 6 недели“, рече Филипче на отворањето на нов вакцинален пункт во скопската населба Шуто Оризари.

    Вакцинацијата во земјава се одвива со вакцините на „Фајзер“, „АстраЗенека“ и „Синовак“. Од денеска почна теренската вакцинација и вакцинацијата без закажан термин.

    Б. НЕСТОРОСКА


      ГЛАСНО - во САКАМДАКАЖАМ.МК пријавете проблеми во здравствениот систем


      Почитувани читатели, ни треба вашата помош за заедно да ги откриеме, истражиме и придонесеме за решение на какви било проблеми што го отежнуваат или оневозможуваат пристапот до квалитетна услуга во јавното здравство. Пишете ни за вашите проблеми со здравствените институции низ целата земја. Ви благодариме на довербата.

      Симнете ја мобилната апликација

      ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира