ВАКЦИНАЦИЈАТА ПРОТИВ КОВИД-19 ВО СКОПЈЕ СЕ ВРШИ ВО ТРИТЕ ПОЛИКЛИНИКИ „БУКУРЕШТ“, „ЈАНЕ САНДАНСКИ“ И „ЧАИР“

    ВАКЦИНАЦИЈАТА ПРОТИВ КОВИД-19 ВО СКОПЈЕ СЕ ВРШИ ВО ТРИТЕ ПОЛИКЛИНИКИ „БУКУРЕШТ“, „ЈАНЕ САНДАНСКИ“ И „ЧАИР“Вакцинацијата со трета доза е со вакцина на „Фајзер“ и е без закажан термин на кој било вакцинален пункт во државата. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Вакцина против ковид-19 во Скопје, без оглед дали е прва, втора или трета доза, се аплицира во трите поликлиники „Букурешт“, „Јане Сандански“ и во „Чаир“, ни рече директорот на Здравствен дом, Виктор Исјановски. Поликлиниките работат и втора смена, до 19 часот.

    Националниот комитет за имунизација на 19 октомври препорача дека сите кои се вакцинирани и ревакцинирани против ковид-19 со вакцините на „Синовак“ и „Синофарм“, трета доза вакцина може да примаат после изминати три месеци од ревакцинацијата. Вакцинацијата со трета доза е со вакцина на „Фајзер“ и е без закажан термин на кој било вакцинален пункт во државата.

    За оние кои примиле друг тип вакцина, „Фајзер“, „Астра Зенека“ или „спутник“, трета доза вакцина може да прими после поминати 6 месеци од ревакцинацијата.

    Министерството за здравство апелира граѓаните во што поголем број да се вакцинираат, зашто само само така ќе се дојде до колективен имунитет и ќе се спречи ширење на мутации на коронавирусот.

    Според последните податоци од Министерството за здравство, вчера се аплицирани вкупно 2.919 дози вакцини, од кои 565 се аплицирани како прва доза, 1.286 се ревакцинирани, а 1.068 граѓани примиле трета доза вакцина.

    Заклучно со 20 октомври вкупно се вакцинирани 800.357 граѓани, ревакцинирани се 766.521 а трета доза примиле 2.365 граѓани. 54% од граѓаните над 40-годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

    Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57%, а со две дози опфатени се 46% од граѓаните над 18 години.

    Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина.

    Б. НЕСТОРОСКА


      ГЛАСНО - во САКАМДАКАЖАМ.МК пријавете проблеми во здравствениот систем


      Почитувани читатели, ни треба вашата помош за заедно да ги откриеме, истражиме и придонесеме за решение на какви било проблеми што го отежнуваат или оневозможуваат пристапот до квалитетна услуга во јавното здравство. Пишете ни за вашите проблеми со здравствените институции низ целата земја. Ви благодариме на довербата.

      Симнете ја мобилната апликација

      ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира