КУМАНОВО Е ГОЛЕМО ЛИЗГАЛИШТЕ, СНЕГОТ И МРАЗОТ НЕ СЕ ИСЧИСТЕНИ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:49:"Куманово,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

КУМАНОВО Е ГОЛЕМО ЛИЗГАЛИШТЕ, СНЕГОТ И МРАЗОТ НЕ СЕ ИСЧИСТЕНИ

Една од најфреквентните улици во градот, Октомвриска револуција, е затрупана во снег и мраз,  а исти или во полоша состојба се останатите улици во централното градско подрачје и на периферијата на Куманово (Фото: СДК.МК)

Во Куманово улиците и тротоарите се вистински лизгалиште, бидејќи снегот не е исчитен и целосно е заледен. Стотина кумановци побарала помош на хируршкото одделение во Општата болница Куманово, поради повреда добиена од паѓање на замрзнатите улици и тотоари во последните 4 дена. Најлошо поминале триесетина од нив, кои добиле со скршеници по телото, па завршиле во гипс или во болница.
„Пет пациенти добија сериозни скршеници по телото, скршен колк, прсти или ребра и се пренесени на клиниките во Скопје или задржани се на лекување во нашата болница. На 29 луѓе ставен им е гипс и пуштени се на домашно лекување, а 58 пациенти побараа помош поради повреди од пад, пред сѐ шинување, истегнување на мускул, нагмечување на одреден дел на тело и слично. Се работи за лица од сите генерации повозрасни, млади и деца“, велат за САКАМДАКАЖАМ.МК од хируршкото одделение во Општата болница Куманово.
Скршени колкови и ребра добиле луѓе од 60-70 годишна возраст, а децата и помладите главно со скршеници на прстите и дланките, бидејќи при пад се задржуваат на рацете. Најмногу пациенти со скршеници имало во петокот кога падна првиот снег, па за времето на празниците бројот се намалил, а од утринава повторно е во пораст.

Please follow and like us:
0

COMMENTS

meta charset="utf-8"
;