НЕМА ГЛЕДАЊЕ ФУДБАЛ ВО ФРАНЦУСКИТЕ КАФУЛИЊА ЗА ВРЕМЕ НА ПРВЕНСТВОТО

    НЕМА ГЛЕДАЊЕ ФУДБАЛ ВО ФРАНЦУСКИТЕ КАФУЛИЊА ЗА ВРЕМЕ НА ПРВЕНСТВОТО

    Француските власти им забранија на сопствениците на кафе баровите и рестораните да организираат следење на натпреварите од Европското првенство надвор од нивните објекти.
    Со ваквиот потег, властите се надеваат дека ќе ја зголемат безбедноста, бидејќи ќе има помалку собири, ако се забранат ТВ-екраните во угостителските објекти.
    Во Франција се уште е во сила вонредната сотојба од ноември, кога во координирани терористички напади во Париз беа убиени 130 луѓе. Сепак, официјални фан зони ќе има по градовите домаќини и тоа ќе бидат единствените места со ТВ-екрани на отворено за следење на натпреварите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари