ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ РАЗОЧАРАН СЕ ВРАТИ ОД ФРАНЦИЈА СО РЕДОВНА ЛИНИЈА СО ОСТАНАТИТЕ НАВИВАЧИ

    ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ РАЗОЧАРАН СЕ ВРАТИ ОД ФРАНЦИЈА СО РЕДОВНА ЛИНИЈА СО ОСТАНАТИТЕ НАВИВАЧИ

    Англиските навивачи си заминаа разочарани од натпреварот на нивната фудбалска репрезентација против Словачка на Европското првенство во Франција и Принцот Вилијам не беше исклучок.
    Завчерашниот натпревар во Сен Етјен заврши без голови и Војводата од Кембриџ се врати во Лондон со редовна линија на „Бритиш Ервејз“, заедно со останатите навивачи и изгледаше уморно и разочарано додека го сместуваше својот багаж во горната преграда.
    „Сите бевме уморни по напнатиот натпревар и не го обвинувам што веднаш заспа“, изјави за „Дејли Мејл“ еден  од патниците, којшто седел зад британскиот престолонаследник.
    34-годишниот Вилијам е претседател на Англиската фудбалска асоцијација и редовно ги следи натпреварите на националниот тим.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари