ИДЕЈАТА НИ Е ПРОВЕВ ВО ТЕАТАРОТ ШТО РАБОТИ ПО СПИСОК НА ЗАДАДЕНИ ТЕМИ, ВЕЛИ УНКОВСКИ ПО ПРЕМИЕРАТА НА „ЛЕРИН“

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ИДЕЈАТА НИ Е ПРОВЕВ ВО ТЕАТАРОТ ШТО РАБОТИ ПО СПИСОК НА ЗАДАДЕНИ ТЕМИ, ВЕЛИ УНКОВСКИ ПО ПРЕМИЕРАТА НА „ЛЕРИН“

     

    „Лерин – полиња жито, ридишта крв“ од Русомир Богдановски во режија на Слободан Унковски е најновата премиера на Театарот на Навигатор Цветко, чија премиера се изведе синоќа во Кино Култура. Уште еднаш, истата екипа од „Солун, град на духови“, ја покажа свежината и живоста на независната тетарска сцена што се развива во Кино Култура.

    Со минималистички средства, неколку реквизити, и столни ламби пред секој од актерите „Лерин“, со музика на Златко Ориѓански и костими на РозеТрајческа Ристовска ја раскажува комлексна тема за битката на Лерин во времето на Граѓанската војна во Грција, и за големиот број Македонци кои загинале како членови на Демократската армија на Грција. Младите актери кои се силна алтка во рацете на Унковски, Симона Димковска, Ивана Павлаковиќ, Наталија Теодосиева, Стефан Вујисиќ, Мартин  Манев, Горан Ников и Владимир Петровиќ, безмалку два часа седат еден до друг на долга маса толкувајќи по неколку улоги, презентирајќи моќ на трансформација како врвни актери со големо искуство, животна и актерска енергија која успева да ја обземе салата на Кино Култура и да ја внесе публиката во комлексната тема на односите помеѓу Грција и Македонија, во не така дамнешното минато па до денес, преку личните сведоштва на некогашните партизани, или денешните млади Македонци.

    (Фото: СДК.МК)

    (Фото: СДК.МК)

    Унковски, како соосновач на Театарот на Навигатор Цветко со режисерот Александар Поповски, и како дел од Кино Култура што го формираа заедно со „Локомотива“, вели дека естетиката на нивната независна сцена се базира на повеќе елементи, од кои два се доминантни: условите и идејата.

    Големиот македонски режисер што одамна не сме го виделе со претстава од скапа продукција, потсетува дека Кино Култура е нов простор, во развој што оди од кино во театар и во простор за изведувачки уметности. Кино Култура нема вработени, туку се потпира на ентузијазамот на волонтери и на договори за дело. Унковски додава дека се во фаза на опремување со техника (светло и тон), и со систем за греење и ладење. Кино Култура финансиски функционира благодарејќи на грант, проект на Општина Центар, спонзори, донатори и сопствени приходи.

    „Од друга страна Кино Култура/ Театар на Навигаторот Цветко има идеја и потреба да ги отвори заборавените и недопрените теми од нашата понова историја. Во ситуација кога македонскиот театар има список на теми со кои може да се занимава, мислев дека е значајно и на ваков минималистички начин да направиме провев. Се радувам дека имаме публика за  ‘Солун’, а еве сега и за ‘Лерин’. Истовремено работиме и на проекти како ‘Антигона и Креонт’ каде отвараме теми на класичната драматургија, комбинирана на нов, модерен начин. Кино Култура за еден месец ќе го слави својот прв роденден. Во овој период се одржани повеќе од 70 настани меѓу кои три театарски премиери. Зарем тоа не е успех кој драматично ги надминува вложените средтсва на заедницата и говори за посветеноста на тимот што го води овој проект?“, вели Унковски за САКАМДАКАЖАМ.МК, по премиерата на „Лерин – полиња жито, ридишта крв“.

    (Фото: СДК.МК)

    (Фото: СДК.МК)

    „Лерин“ е вториот дел од трилогијата „Солун, Лерин, Скопје“, што оваа екипа го започна минатата година, со „Солун, град на духови“, претстава работена од Богдановски по текст на светски познатиот историчар Марк Мазовер. Таа претстава е на репертоарот на Кино Култура, предизвикува голем интерес кај јавноста, а доби и награди на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ за режија, и главната награда на Саревска зима.

    Тој начин на работа во вид на театарско истражување каде што 5 века од историјата на најголемиот град во Македонија, Солун, со христијани, муслимани, евреи, актерите навидум лесно ги раскажуваат, продолжува и во „Лерин“, дури и во уште постесната атмосфера. Ако во „Солун“ се добива играно-документарна драма за важните настани од историјата кои влијаеле на Балканот, тогаш во „Лерин“, екипата ѝ нуди на јавноста фрагментарна драма која низ личните судбини зборува за испреплетените, не така едноставни односи што ги носат фактите за падот на Демократската армија и за Комунистичката партија на Грција, нивниот судир со монархофашизмот и последиците од тие историски битки кон националното прашање на Македонците.

    Тешкиве теми кај Унковски дури и на гола сцена, лесно поминуваат, па наместа публиката гласно се смее, аплаудира, реагира, едноставно, станува учесник во приказната. Претставата е како кутивче од кибрит, спакувано е во неа сѐ, и театар и реалност и сигурно ќе отвори различни прашања во повеќе јавни сфери, што се виде и по дискусиите по првата изведба.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира