СО ПЕНКАЛО СРУШИВМЕ РЕЖИМ, ЌЕ НАПРАВИМЕ И ВЛАДА, РЕЧЕ ЗАЕВ ПО РЕИЗБОРОТ ЗА ЛИДЕР НА СДСМ

    СО ПЕНКАЛО СРУШИВМЕ РЕЖИМ, ЌЕ НАПРАВИМЕ И ВЛАДА, РЕЧЕ ЗАЕВ ПО РЕИЗБОРОТ ЗА ЛИДЕР НА СДСМНа партискиот конгрес од присутните 723, за реизборот на Зоран Заев гласале 597 делегати. (Фото:Ѓ Личовски)

    Актуелниот лидер на СДСМ Зоран Заев повторно беше избран за претседател на партијата, а Радмила Шеќеринска за заменик претседателка. На денешниот партиски конгрес од присутните 723, за реизборот на на Заев гласале 597 делегати.

    Беа избрани и членовите на Централниот и на Надзорниот одбор. Новиот Централен одбор на СДСМ на првата наредна седница треба да избере и нов генерален секретар на место Оливер Спасовски, кој ќе биде министер за внатрешни работи во новата влада. Како најсериозен кандидат е пратеникот Љупчо Николовски.

    Старо-новиот лидер Заев во говорот по добивањето на довербата, рече дека пред нас е долг пат и побара од сопартијците да имаат трпение и да продолжат да веруваат во неговата работа.
    „Оваа поддршка за мене е обврска. Ќе продолжам да работам со уште поголема одлучност и верба дека може да создадеме сегашност за сите и да изградиме иднина за сите. Пред нас е долг пат, бараме да имате трпение. Ќе работиме темелно и посветено. Ќе изградиме општество на вредности и на еднакви шанси. Ќе имаме унитарна држава водејќи се од демократските вредности и човековите слободи и права. Македонија има со што да се гордее, граѓаните со пенкало срушија режим и се на чекор на формирање на реформска европска влада“, рече Заев.

    На конгресот присуствуваше и поранешниот лидер на СДСМ и претседател на државата Бранко Црвенковски. На отворениот дел од конгресот присутни беа и потпретседателите и градоначалници на ДУИ, Теута Арифи, Изет Меџити и Невзат Бејта, лидерот на Беса, Билал Касами, лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов, на Обединети за Македонија Љубе Бошкоски, на ВМРО-НП Љупчо Балкоски, поранешни функционери од СДСМ, европратеници и претставници од сестринските партии на СДСМ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира