ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА ОД ПОНЕДЕЛНИК ЈА ЗАОСТРУВА БИТКАТА ПРОТИВ ВЛАСТА

a:1:{s:9:"td_source";s:44:"Скопје(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА ОД ПОНЕДЕЛНИК ЈА ЗАОСТРУВА БИТКАТА ПРОТИВ ВЛАСТА

    Движењето Шарена револуција вечерва најави дека од понеделник ја менува стратегијата за отпор против власта.
    „Во понеделник соопштуваме бескомпромисен план за излез од кризата, со цврсти рокови од кои нема отстапувања“, стои во прогласот на официјалната Фејсбук страница на движењето. „Ја повлекуваме црвената линија! Од понеделник одбројуваме! Кризата траеше доволно долго! Во понеделник, граѓаните ќе кажат како ќе ја надминеме! Нема веќе да не гледаат од шест, но ќе не гледаат секој ден – се посилни. Од 6 јуни веќе ништо нема да биде исто!“, порачуваат преку Фејсбук антивладините демонстранти.
    Тие велат дека го одбрале 6 јуни како датум со силно значење затоа што е ден кога се дозна за свирепоста, бруталноста и способноста на власта да го сокрие убиството на Мартин Нешковски. „Пет години подоцна, овој датум ќе добие уште поголемо значење“, пишува во прогласот објавен на Фејсбук.
    „Два месеца неуморно протестираме за слобода, правда и еднаквост. Ширум Македонија, десетици илјади граѓани во последниве 55 дена излегоа на улиците, а можеме само да претпоставиме уште колку има кои поради притисок и закани не смеат да протестираат. Наша прва победа е одложувањето на криминалните избори кои требаше да се случат оваа недела. Но, два месеца протестираме и против аболицијата на криминалците од власта. Токму тие криминалци не сакаат мирно да се повлечат и да им се суди за нивните злодела“, стои во прогласот со кој се повикува на масовност на протестот закажан за понеделник во 18 часот пред седиштето на Специјалното јавно обвинителство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари