ЦЕНТРАЛЕН РЕГИСТАР ЈА ПРЕФРЛИЛ ДОБИВКАТА ОД 350 ИЛЈАДИ ЕВРА НА „БЕТОН“ МЕСТО ВО БУЏЕТОТ 

    ЦЕНТРАЛЕН РЕГИСТАР ЈА ПРЕФРЛИЛ ДОБИВКАТА ОД 350 ИЛЈАДИ ЕВРА НА „БЕТОН“ МЕСТО ВО БУЏЕТОТ Владата на вчерашната седница препорача новото раководство на Централниот регистар да ја преиспита правната основа за одлукатa на Управниот одбор на институцијата.

    Централниот регистар место во Буџетот ја префрлил добивката за 2016 година во износ од 22 милиони денари на компанијата „Бетон“, која што ја градеше административната зграда кај Музеј на Град Скопје, велат од Владата. Тоа е направено по налог на АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор и е без правна основа, додаваат од Владата, бидејќи исплатата на изведувачите оди преку Службата за општи и заеднички работи.

    „По налог на АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор, добивката за 2016 година е префлена на ‘Бетон’, кој ја градеше зградата на Централниот регистар во која се сместени и други агенции. За тоа нема правна основа, бидејќи сервисирањето на исплатата на контракторите оди преку СОЗР, а добивките во принцип одат на сметка на Буџетот“, појаснуваат од Владата.

    Владата на вчерашната седница препорача новото раководство на Централниот регистар да ја преиспита правната основа за одлуката, бидејќи била нанесена штета на редовното работење на Централниот регистар.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира