В ПЕТОК ЗАБАВА „ИНФОРМАТИВЕН РАЗГОВОР„ ПРЕД ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    В ПЕТОК ЗАБАВА „ИНФОРМАТИВЕН РАЗГОВОР„ ПРЕД ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА

    Во петок навечер во 21 часот пред полициската станица „Центар“ ќе се организира забава насловена како „Информативен разговор“, објави агенцијата Мета, повикувајќи се на најави од социјалната мрежа „Фејсбук“.

    Група хип-хопери  ја најави забавата со лансирање нов хит вечерва пред Собранието на Македонија. Во ритамот на навивачка химна со запалени факели една група демонстранти пееше „Слушај Грујо сега, Шутка не ти бега, како тебе ружен лопов на светов нема“, по што останатите демонстранти во истиот ритам го повторуваа рефренот.

    Забавата во петок е замислена како одговор на информативните разговори што ги наредува министерот за внатрешни работи Митко Чавков за да ги заплаши демонстрантите.

    „Откако стапи на функцијата министер за внатрешни работи, нашиот ценет Митко Чавков се отвори кон граѓаните за информации. Човек учи додека е жив нели. По тој повод овој петок свечено Ве покануваме сите на „Информативен разговор“ во „Беко“. За музиката и информативните прашања ќе бидат задолжени диџеите „Kom And Dir“, резиденти во „Беко“ веќе долго време и познавачи на приликите и вкусовите на публиката. Информации ќе се разменуваат до утринските часови. Ве охрабруваме да ги поканите своите пријатели. Сепак, Митко е министер на сите нас и секој е добредојден. Повелете!“, пишува во образложението за настанот на социјалната мрежа Фејсбук.

    Идејата за забавата доаѓа откако неколку членови на Хелсиншкиот комитет и демонстранти од Шарената револуција беа повикани на информативни разговори во полициската станица „Центар“, која скопјани си ја викаат „Беко“. Полицијата ги казни со по 50 евра, или општокорисна работа, затоа што со боја фрлале кон фасадите на институциите и спомениците.

    Досега на информативен разговор беа претседателот на Хелсиншкиот комитет за човекови права Гордан Калајџиев, директорката на Хелсиншкиот комитет за човекови права во Македонија Уранија Пировска и професорката Мирјана Најчевска, сите познати активисти во борбата за човекови права.

    Во знак на солидарност кон повиканите на информативен разговор вечерва на протестите во Скопје се појавија и лидерот на СДСМ Зоран Заев заедно со колегите од Платформата за демократска Македонија лидерите на ПЕИ и на ПЦЕР Фијат Цаноски и Самка Ибраимовски. Со нив беа и Радмила Шеќеринска, Петре Шилегов, Дамјан Манчевски, Стефан Богоевски и други блиски соработници на Заев. Тие фрлија боја врз зградата на Министерството за правда со порака до министерот Чавков и нив да ги повика на информативен разговор во полициска станица.

    Пред Собранието професорката Мирјана Најчевска го испроба чаталот на специјалната единица на Шарената револуција, па и таа од далеку го торпедираше Собранието со балони со боја.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари